Државјанка на Словенија на возраст од 64 години во попладневните часови на 17. јануари, во полициската станица во Крушево пријавила дека пронашла експлозив.
Според пријавата, жената го пронашла експлозивот во куќа на крушевската улица „Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат.
За настанот била известена и Дирекцијата за заштита и спасување, по што бил извршен увид на местото на настанот.
*Фотографијата е илустрација, а не од местото на настанот
извор: Makfax