ТРИПУНОВСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЗАШТИТНИК НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Ова е хронологија на тоа сојузништво

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРИПУНОВСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЗАШТИТНИК НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Ова е хронологија на тоа сојузништво

„Од 3-ти јануари, земјоделците ќе имаат заштитник во мене. Сојузник и човек кој е подготвен да им служи. Да направиме сè за силно земјоделство. Сè за луѓето кои нè хранат! Тие тоа го заслужуваат!“

Ова го истакна Цветан Трипуновски во моментот кога неговото име беше обелоденето за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада. На оваа функција е веќе 15 дена за кои покажа дека неговата најголема грижа се правата на земјоделците.

Трипуновски изминатиов период откако ја доби функцијата, работи неуморно. Неговата најголема цел е на земјоделците да им припадне тоа кое им е заслужено, но и да се разобличи штетното владеење на функционерите на СДСМ во ова министерство.

Потсетуваме на активностите на Трипуновски, заменикот министер во МЗШВ, на неговите богати работни агенди и на чекорите кои ги превзема.

На првиот работен ден, тој оствари средби со голем број на земјоделци во Могила.

-И во општина Могила проблемите во земјоделството се исти. Субвенциите доцнат, откупот на земјоделските производи оди лошо и со ниски цени, незаинтересираност од власта да ги слушне нивните барања и многу други проблеми, вели тој.

Следниот ден Трипуновски беше на празнична литургија во манастирот Св. Наум, од каде порача дека „Нашиот народ од секогаш си ја почитувал историјата и религијата“.

Трипуновски за Бадник беше во посета на Охрид и охридскиот регион каде што имаше и средни со граѓаните.

-Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година за прв пат, после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде, објаснува тој.

Исто така во разговорите и информациите кои што ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ, додава Трипуновски.

-Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија, потенцира заменик министерот Трипуноски.

Потоа, истиот ден, замина за Ресен каде што имаше средба со јаболкопроизводителите, со овоштарите и со нив  разговараше за актуелните проблеми кои што ги имаат.

Во општина Петровец, Трипуновски организираше солидарна акција, покажувајќи ја својата хумана страна.

Трипуновски: МЗШВ ќе биде во служба на земјоделците, заврши времето на закани, уцени и притисоци!

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката влада, порачува дека заврши времето на закани, уцени и притисоци.

-Координација со тимот кој ќе донесе промени. Детално, посветено и одговорно. МЗШВ ќе биде во служба на земјоделците. Заврши времето на закани, уцени и притисоци. Почнува последниот удар против ненародната власт. По 12 април следува обнова, порача тој.

Трипуновски оствари средба и со оризопроизводителите од општина Чешиново-Облешево.

По средбата порача:

Реалната слика, од она што можев да го слушнам, е дека СДСМ го уништи оризопроизводството. Четирите главни проблеми со кои се соочуваат оризопроизводителите се:

1. Цената на оризот која не ги покрива ни основни потреби на земјодлеците;
2. Неисплатени и селективните субвенции од претходните години;
3. Неисплатената дополнителна субвенција од 5 денари интервентна мерка од 2019 година;
4. Задоцнето наводнување на посевите што доведе до намалено производство на ориз.

Ветувам дека после победата на 12 април овие проблеми ќе бидат решени и ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!

Тој беше во посета на Општина Чашка, од каде порача:

„На барање на мојот домаќин Екрем го посетив Ново Село во општина Чашка и поразговарав со него и дедо Богдан. Од разговорот дознав дека досега никој ги нема посетено како од локалната така и од централната власт.

Екрем има нешто над 550 овци и над 100 крави, а и тука проблемите се исти.

1. Неисплатени субвенции по грло, за млеко, за органско производство.
2. Ветената мерка од 400 денари која што требаше да ја добијат уште лани се уште не им е исплатена и заради погрешно креираната мерка повеќето сточари за жал нема да ја добијат оваа субвенција.
3. Заборавени од локалната самоуправа и пристапниот пат е речиси непрооден и безброј други проблеми кои дополнително им го отежнуваат и така тешкиот живот.

Од 12 април доаѓа вистинската грижа и подобрувањето на условите за македонските земјоделци“!

Трипуновски нагласи дека како дополнителен заменик-министер ќе го одржи своето ветување, да биде постојано меѓу земјоделците и да се бори за подобри права и услови.

-Изминатите неколку дена бев во Кочанско, во Ресен, во охридскиот регион, во прилепскиот регион меѓу тутунарите, но, за жал, реалната слика е дека секаде има плач и лелек од земјоделецот, без разлика дали се работи за субвенциите, дали се работи за реална помош сликата е секаде иста. Министерот Трајан Димковски, довчерашниот премиер Зоран Заев и сите од Владата, најверојатно носат розови очила онаму каде што ја претставуваат реалната сликата за земјоделството во едно поинакво светло. Ние од 12 април кога ќе ја формираме новата влада, ветуваме целосна поддршка на овој напатен македонски земјоделец, затоа што тој без поддршка од државата не може да егзистира бидејќи и самите гледате во какви услови постои, изјави Трипуновски.

Трипуновски од Долнени: Сите проблеми да се решат во најбрз можен рок бидејќи времето за откуп е се помало, а неоткупените количини се големи

На 10-ти месецов, Трипуновски беше во посета на Долнени.

-Бев во посета на Ропотово, Дебреште и Пешталево, општина Долнени, на барање на тутунарите од овој регион. Проблеми милион. Стопиран откуп, нереална проценка, ниска цена, неисплатени субвенции и огромни политички притисоци, напиша Трипуновски на Фејсбук.

„Апелирам сите овие проблеми да се решат во најбрз можен рок бидејќи времето за откуп е се помало, а неоткупените количини се големи“.

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски беше во посета и на струмичкиот регион.

По тој повод тој сподели и статус на својот Фејсбук профил.

-Еден дел од денешната посета на струмичкиот регион. Ги посетив село Сарај, општина Босилово, и село Сушица, општина Ново Село.

Во разговор со земјоделците слушнав голем број на поплаки за досегашното раководење на Трајан Димковски и СДСМ со МЗШВ. И од нив повторно ја добив истата информација дека се касни исплатата на државните субвенции, исплатата на земјоделските производи, а откупот на истите во откупните центри е по катастрофални цени.

Внимателно ги слушав и им дадов ветување дека како дополнителен заменик министер ќе дадам се од себе да ги решам проблемите на земјоделците, бидјеќи цврсто сум убеден дека силен земјоделец значи силна држава. Воедно ги охрабрив доколку се соочуваат со опструкции во делот на исплатата на субвенциите, како и опструкции од страна на СДСМ да го пријават случајот до мене за да можам во рамките на мојата надлежност да реагирам, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Трипуновски: СДСМ функционира како мафијашко здружение, никој повеќе не им се плаши

Зоране, Љупчо, Трајане, потонати сте во криминал. Ќе одговарате, за секоја уцена, закана и притисок. Три години цели семејства, жени и малолетни деца живеат во страв од вашите пајташи и нивната аздисаност, стои во Фејсбук објавата на дополнителниот министер за замјоделие Цветан Трипуновски.

-Целата криминогеност и изопаченост на оваа влада во секторот земјоделие денеска излезе на површина. Томе Мојсовски, советник во кабинетите на Љупчо Нилоловски и Трајан Димковски се заканува врз цели семејства за да се изврши неговата наредба, вели Трипуновски во својата објава.

Трипуновски: Заев, Николовски и Димковски се фатени во криминал до гуша, а нивниот пулен Томе Мојсовски се заканува во Инспекторатот за земјоделство

Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се фатени во криминал до гуша. Нивниот пулен Томе Мојсовски се заканува на инспектор во Инспекторатот за земјоделство да го раскине договорот за концесија на Охридското езеро кој што во моментот е актуелен, ова на 13.01 на прес-конференција го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пуленот на Николовски и Димковски му се заканува на инспекторот од Охрид со зборовите: Да ја скинеш концесијата или да си дадеш отказ. Разговорот кој што вчера излезе во медиумите е само еден доказ за тоа како функционира СДСМ кога е на власт, закани, уцени и притисоци. Разговорот е доказ за криминал. Ако Трајан сакал да изврши притисок за спроведување на Законот како што кажува на прес конференцијата која што ја одржа во текот на вчерашниот ден, зошто тогаш не пријавил до надлежните институции дека некој го опструира законот. Разговорот кој го објавија медиумите од кои што слушаме закани по семејството и деца е само еден пример за безброј случаи на закани и уцени, со помош на кои СДСМ владее речиси три години во Република Македонија, вели Трипуновски.

Тој додава дека СДСМ три години функционира како мафијашко здружение. Се закануваат и уценуваат невини луѓе. Административецот Томе Мојсовски кој е платен со народни пари да биде во функција на земјоделците, глуми Ал Капоне и се заканува и уценува, додека чесниот земјоделец мака мачи како да го прехрани своето семејство бидејќи владата го клекна на колена аграрниот сектор на Република Македонија, пајташите на власта сеа страв.

-Времето на притисоци помина, никој повеќе не ви се плаши и ќе има одговорност за секој еден кој што го прекршил законот во Република Македонија. Ги повикувам институциите да реагираат и веднаш да го расчистат случајот за кој што вчера бевме сведоци и тоа во најбрз можен рок. Изборот на 12 април е дали ќе продолжи ваквото мафијашко однесување во Република Македонија со уцени и закани или ќе завладее правото и правдината во Република Македонија, рече Трипуновски.

„Владата има пари за лубриканти, а нема за земјоделците“

Еден земјоделец во приватни пораки ме замоли да те прашам како може да нема пари за земјоделците, а да има пари за лубриканти и презервативи. Значи треба да се посветите во овој сектор, не може само со празни флоскули, програмата ви е во минус, неисплатени субвенции каде и да појдете се соочувате со критики, му порача Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24 на министерот Трајан Димковски од СДСМ.

Трипуновски додаде дека во моментот има повеќе хали на марихуана отколку полиња со жито, укажувајќи дека реалните проблеми на земјоделците се надвор а не во удобната канцеларија на Димковски.

-Дали знаеш и дали си среќен дека во Македонија има повеќе хали со марихуана отколку полиња со жито? Дали го слушаш плачот и лелекот секојдневно на земјоделците? Јас те разбирам постојано си во удобната канцеларија, но проблемите се надвор и реалноста е многу поинаква од тоа што го кажуваш тука, вели Трупиновски.

Заменик министерот Трипуновски истакна дека има пад на работната сила во земјоделскиот сектор, посочувајќи дека според Државниот сектор за статистика има пад од 5,1 процент.

-Можам да те едуцирам и час да ти држам за падот на земјоделското производство. Еве уште едно прашање кажи ми зошто има пад на работната сила во земјоделскиот сектор? За споредба еден податок од Државниот завод за статистика каде што се вели дека бројот на вработени во секоторот земјоделство ако во првиот квартал во 2014 година работеле 141 илјада лица или 19,1 проценти на вкупниот број на вработени, во првиот квартал од 2019 година бројот е на 110.590 лица или 14 проценти тоа е падна на 5,1 процент, истакна Трипуновски.

Трипуновски: Со измените на законот за тутун, СДСМ го загрози домашното производство на тутун

Со измените на законот за тутун СДСМ воведе можност компаниите да увезуваат тутун. Ова значи дека кога се даде ваква дозвола тогаш домашното производство е загрозено. Има тутунски компании кои што согласно динамиката која што ја пријавиле не го откупиле тутунот, а ги повлекле вагите и мострите од откупните пунктови, нагласи Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за од откупните земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Тој додаде дека ситуацијата со тутунот во моментот е алармантна посочувајќи дека откупот на тутун е стопиран и дека цените не се реални по класи.

-Ситуацијата е алармантна, тутунот не се цени по реални класи а таму каде што треба да се откупи не се откупува, тоа е реалноста, рече Трипуновски.

Според Трипуновски, програмата и мерките на СДСМ се празни флоскули и популизам додавајќи дека ги преспале овие три години власт во делот на земјоделието.

-Немате никакви инвестиции, ги преспавте овие три години на власт, нагласи Трипуновски.

Тој беше во Орман, Ѓорче Петров, на средба со земјоделците за да ги слушне нивните проблеми.

„Веќе три години 350 хектари обработливо земјиште во Орман, Волково и Никиштане е без наводнување. Заради негрижата и неажурноста на водостопанство и локалната самоуправа овок канал три години не е исчистен, а тоа значи суша и необработување на земјиштето и нема никакво производство.

Му ветив на чичко Ванчо дека ќе дојдам утре и лично да ја видам неажурноста на надлежните“, напиша на Фејсбук дополнителниот заменски министер во министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Оствари средбаи со земјоделците од општина Ѓорче Петров, поточно од населените места Волково и Орман.

-Јас им ветив дека во текот на денешниот ден каде што се наоѓаме во моментот ќе направам лично увид во фактичката состојба и она што ми го преточија сакам да о видам од терен. Она што можеме да го видиме и од снимките кои што ќе ги фатите од кадарот дека ситуацијата е алармантна, а тоа значи дека веќе трета година по ред овие земјоделци кои што одгледуваат житни култури и раноградинарски култури не можат да го обработуваат земјиштето бидејќи каналот е нефункционален и практично водата од реката Лепенец не може да оди низ каналот кој што ќе се користи за наводнување. Ова е само уште еден доказ дека дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски не зборува невистини и дека манипулира со јавноста. Ова е демант и за министерот Трајан Димковски кој што три години заедно со неговиот директор на АД Водостопанство не излегол на терен за да го стави во функција овој канал кој што значи егзистенција за овие земјоделците во овој регион. Ова е уште еден доказ за манипулацијата која што ја прават актуелните министри од СДСМ и нивната некадарност и немањето желба едноставно да работат во функција на овие луѓе кои што едноставно живеат од оваа гранка, вели Трипуновски.

Понатаму, оствари средба во село Стајковци со земјоделците од Стајковци, Црешево, Брњарци, Страчинци, Смилковци, Виниче, Сингилиќ и Арачиново.

Трипуновски на среба со земјоделците од Делчево

Овоштарите од Делчево се уште ја чекаат исплатата за штетите предизвикани од мразот во 2016 година.

Трипуновски: Субвенции не се исплаќаат редовно, земјоделците со големи проблеми

Земјоделците ширум државата секојдневно го демантираат Трајан Димковски. Субвенциите не се исплаќаат редовно. Трајане ова на секаде го кажуваат земјоделците. Три години само лажете. Денеска бев во посета на фарма во Будинарци, Берово, и во разговор со сопственикот дознав со какви проблеми се соочува тој, секојдневно, а власта не му помагала.

Најголем проблем му се неисплатените субвенции, но дополнителен проблем кој му ја отежнува работа е немањето електрична енергија до фармата, проблем кој неколку години се обидува го реши, но наидува на игнорантски однос кај надлежните институции.

Фармерите не треба да се соочуваат со вакви проблеми во 21-от век. Државата мора да им излегува во пресрет на фармерите, а не да ги остава сами да се борат. Власта во изминативе три години наместо работење на подобрување на условите и овозможување на фармерите да го прошират бизнисот, со ваквата (не)работа само придонесоа до незадоволство и затварање на многу фарми. Сето ова ќе се промени од 12 април! напиша на Фејсбук, дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.

Трипуновски, како што вети, така и направи. Будно ја следи состојбата, постојано е на терен меѓу земјоделците, ги слуша нивните проблеми и се бори за решенија на истите.

За само две недели откако дојде на функцијата оствари средби со огромен број на земјоделци, а планира така да продолжи и во целиот период кој претстои.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата