Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ и доцент по Римско право на УКИМ, Тимчо Муцунски, верува дека Законот за јавно обвинителство може да биде донесен од страна на овој парламентарен состав ако и двете преговарачки страни се согласат да ги почитуваат Уставот и законите.
100 проценти сум убеден дека можеме да донесеме закон доколку се согласиме дека ќе ги почитуваме Уставот, законите и меѓународните стандарди, рече Муцунски.
Своите ставови Муцунски ги изнесе во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат.