Трамп : Хамнеј да внимава што зборува

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп : Хамнеј да внимава што зборува

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот верски водач да биде претпазлив во врска со изјавите.

„Таканаречениот супериорен лидер во Иран, кој и не е така супериорен во последно време, кажа некои непријатни работи за Соединетите Американски Држави и за Европа. Иранската економија се распаѓа и нивните луѓе страдаат. Тој треба да биде многу внимателен при изборот на зборови“, порача Трамп на Твитер.

Тензиите во односите меѓу САД и Иран се ескалираа по неодамнешниот американски воздушен напад, во кој во Багдад загина иранскиот генерал Касем Сулејмани. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.
        
Верскиот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеј најави жесток одговор на САД во врска со убиството на генералот, којшто тој лично го одликуваше минатата година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата