Порто доживеа непријатен пораз во 17. коло на португалскиот шампион кој може на крајот да ги чини и шампионска титула. „Сино-белите“ се обидуваат да се тркаат со лидерот Бенфика, но вечерва се сопнаа во дуелот со Брага на својот „Драгао“.

Практично се самоуништија. Имаа се во свои раце и го прокоцкаа. Губеа откако примија гол во 5. минута, но во 44 минута имаа шанса да изедначат но Тељес промаши пенал. Само што почна второто полувреме Порто можеше да поведе но Соареш промаши пенал.

Сепак истиот играч две минути подоцна го погоди голот за изедначување, но последниот збор го имаа гостите кои со голот на Паулињо во 75 минута ги однесоа бодовите од „Драгао“ и тоа за првпат после јануари 2005 година.