Елка Јачева-Улчар: Предложениот закон за употреба на македонскиот јазик има повеќе општи отколку обврзувачки одредби

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елка Јачева-Улчар: Предложениот закон за употреба на македонскиот јазик има повеќе општи отколку обврзувачки одредби

Предложениот закон за употреба на македонскиот јазик има повеќе општи отколку обврзувачки одредби. Примената на јазикот не се нормира, а инспекциските служби нема да имаат надлежност да казнуваат, туку само да помагаат во правилната употреба, рече професорката Елка Јачева – Улчар во интервју за Алфа телевизија.

Според неа законот навлегува во автономијата на универзитетите и дека предложеното решение се прави според законите кои ја третираат употребата на другите јазици, подвлекува дека законски мора да се регулира и употребата на топонимите на македонски јазик, а лекторите во сите државни и јавни институции мора да бидат обврска како и изучувањето на македонскиот јазик од прво одделение за сите етнички заедници.

Според предлог – законот на сите универзитети во државата минимум два семестри треба да се изучува македонскиот јазик, да се создаде електронска база на научни истражувања за јазикот, да се отворат нови и да се возобноват старите лекторати во странство, а во нашите амбасади низ светот да се овозможи изучување за сите странци.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата