Шпанскиот голман Пепе Рејна се врати во Премиер лигата и тоа на голот на Астон Вила. Ќе се обиде со своето искуство и квалитет да му помогне на клубот од Бирмингем да избори опстанок во најсилната англиска лига.

Рејна играше за Ливерпул осум години и запиша речиси 400 натпревари за клубот од „Енфилд“, а потоа замина во Наполи.

Анализирајќи го неговиот ефект дојдено е до интересен заклучок. Имено, иако е голман Рејна запишал четири асистенции за гол во Премиер лигата: против Фулам, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Сандерленд и тоа помеѓу 2007 и 2010 година.

А бразилскиот играч за врска Фред, едно од најскапите засилувања на Манчестер Јунајтед, задолжен да ја пренесува топката напред, па и да ги проигрува напаѓачите запишал само една асистенција и тоа во поразот од Вулверхемптон Вондерерс.

Статистиката звучи интересна, но е поразителна за Фред кој не бележи никаков напредок иако е втора сезона во Премиер лигата. Сепак, ако е за утеха Бразилецот дал и еден гол во првенството.