Портите на Норвешка кон полуфиналето на Европското првенство широко се отворени. Домаќинот на ова континентално натпреварување одигра маестрален меч, ја совлада Унгарија со убедливи 36-29 (20-12) нанесувајќи и го првиот пораз. По овој дуел се израмни по бројот на бодови со Словенија, и благодарение на подобрата гол разлика е на првото место на табелата.

Норвежаните тргнаа доминантно, отвори со серија од 8-1, а за кратко време поведе и со двоцифрени 15-5. Унгарците беа целосно надиграни, немаа решение за неверојатниот напад на противникот, а во нападот делуваа немоќно.

По 20-12 на одморот, Унгарија постигна два гола во низа, но тоа не беше доволно да се извади од ритам Норвешка.

Сагосен со седум гола од десет обиди, еден погодок помалку имаше Јоханесен. Лигетвари и Наџи имаа по пет гола.