Уапсен тетовскиот “ПИНК ПАНТЕР“ - опљачка златара, падна во кафана

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен тетовскиот “ПИНК ПАНТЕР“ - опљачка златара, падна во кафана

Вчера (16 јануари) околу 19 часот и 20 минути, во угостителски објект на влезот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со други служби на Министерството за внатрешни работи од Скопје го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна.

Инаку, И.Р. со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот, а вчера (16 јануари) во 14 часот  А.К.(34) од тетовско Селце,  која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10 илјади евра.                                      

Набрзо по лишувањето И.Р. предаден е во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата