Лидерот во Втората лига – Исток Беласица денеска потпиша договори со тројца нови играчи. Нови членови на струмичката екипа се Васко Коцев, Роберт Митев и Давид Стојков.

Коцев (среден ред) и Стојков (одбрана) имаат по 18 години и дојдоа од „соседот“ Академија Пандев.

Митев е офанзивен крилен фудбалер кој изминатите две и пол години играше за Тиквеш.