Италијанскиот прволигаш Наполи донесе уште еден фудбалер во зимскиот преоден рок. Откако ги комплетираше трансферите на словачкиот репрезентативец Станислав Лоботка кој дојде од Селта за 20 милиони евра и на Германецот Диого Деме од РБ Лајпциг за 12 милиони евра, сега го договори и косовскиот репрезентативец Амир Рахмани. Се работи за централен бек роден во Приштина, кој кариерата ја почнал во Дреница, па преку Партизани од Тирана, Сплит и Динамо Загреб летото 2019 година дојде во Италија поточно во Верона од каде што сега оди во Неапол.

Значи за само шест месеци во Верона која за него плати 2,1 милион евра сега оди во Наполи за 14 милиони евра.

Подетално, Рахмани ќе потпише договор на пет години со годишна плата од 1,8 милиони евра.

Инаку Рахмани има два настапи за албанската репрезентација (еден гол), а во 2014 година заигра за Косово за кого има 29 натпревари и пет гола.