Поранешниот младински репрезентативец Симеон Христов го комплетираше трансферот од редовите на Борец во албанската Влазнија. Тој доаѓа во клубот од Скадар на препорака на нашиот стратег Мирсад Јонуз кој е тренер на суперлигашот.

„Задоволен сум од условите во Влазнија. Откако дојдов гледам само убави работи, имаме добра екипа, и стручниот штаб е добар, тука е и тренерот Мирсад Јонуз со кого се знам со години и ја ценам неговата работа. Тој е главната причина поради која сум тука и ќе се подрудам да дадам се од себе да ја оправдам довербата“, вели Христов.

27-годишниот фудбалер играше во многу клубови. Пред Борец беше член на Македонија ЃП, Еуромилк, Тетекс, Брегалница Штип, Пелистер, беше во унгарски Вашаш, Егри, во Мјанмар…