Ана Ивановиќ ја поддржува хуманитарната акција на MAC! Поддршка даваат и Слободан Тркуља, С.А.Р.С., Сара Јо, Тони Цетински, Кнез...

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Ивановиќ ја поддржува хуманитарната акција на MAC! Поддршка даваат и Слободан Тркуља, С.А.Р.С., Сара Јо, Тони Цетински, Кнез...

Како и минатата година, Music Awards Ceremony и овој пат има хуманитарен аспект. Bioxgn MAC 2020 е фокусиран на рамноправноста на половите, и со своите активности ги поддржува општествено одговорните програми кои се бават со оваа тематика.

Дел од приходите од продажбата на влезниците организаторите Скајмјузик и ЦЕБЕФ ќе ги пренасочат кон УНИЦЕФ, кој рамномерно ќе ги распредели во регионот за програмата за зајакнување на девојчињата, а во истиот фонд ќе отиде и целиот приход од продажбата на MAC маици.

Половата рамноправност како хуманитарен аспект на MAC ја поддржува и општествено одговорната компанија Моцарт. Со стартот на вториот круг гласање, гласачите имаат можност на уплатно-исплатните места и страницата на оваа компанија типуваат кој ќе биде победник во која категорија, како и кој изведувач ќе има поголема поддршка од публиката. Целиот приход е наменет во хуманитарни цели за програмите за поддршка на половата рамноправност.

Луѓето со добра волја, кои сакаат да учествуваат во хуманитарната акција на MAC, можат преку страницата musicawardsceremony.com да набават MAC маици со духовити натписи, кои веќе ги носат бројни познати личности: Слободан Тркуља, Калиопи, Жарко С.А.Р.С., Тони Цетински, Сара Јо, Ана Станиќ, Кнез, Тропико бенд, Даниел Алибабиќ, Лена Ковачевиќ, Каја, Илма Карахмет...

Хуманитарната акција на MAC ја поддржа и Ана Ивановиќ, националната амбасадорка на УНИЦЕФ, која истакна дека е важно големите манифестации, но и познатите личности да промовираат правилни и благородни вредности.

„Родовата рамноправност и зајакнувањето на девојчињата и жените е од круцијална важност за развојот на секое општество и затоа ми е мошне драго да видам дека оваа година хуманитарниот аспект на MAC се фокусира токму на тоа, затоа што мислам дека за тоа треба да се зборува што повеќе.“

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата