Шведските новинари на дело фатиле неколку ракометари на Шведска кои пиеле алкохол во еден паб. Џим Готфридсон, Андреас Нилсон, Ким Екдал ду Риц и Лукас Нилсенсе најдоа на тапет во оваа земја во која правилата кога станува збор за националниот тим се строги, за излез потребна е тренерска дозвола, а, пак, за алкохолот….

За да не се наруши целата атмосфера генералниот секретар на Шведската ракометна федерација, Роберт Ведберг излезе пред јавноста и се извини на фановите.

„Тоа е жалосно, но ние сепак сето тоа го средивме внатре во репрезентацијата. Играчите се извинија пред целата репрезентација, а еве јас сакам да се извинам пред јавноста и навивачите. Тоа е недозволиво, ние мораме да бидеме пример на едно толку големо натпреварување“.

Шведска вечерва ќе ги одмери силите со Португалија во рамките на првиот меч од главната фаза на ЕП.