Нема веќе дилеми, Ешли Јанг е пред трансфер во Интер. Со тоа тој ја остава и капитенската лента во еден од најголемите клубови во светот. За нов капитен на Манчестер Јунајтед, по малку и неочекувано, но тоа го потврди тренерот Солскјер, избран е Хари Мегваер. Велиме неочекувано зошто репрезентативниот стопер на Англија, на „Олд Трафорд“ дојде минатата година, и досега одигра само 29 официјални натпревари. И со 29 мечеви тој ќе биде предводникот на Јунајтед.

Инаку Мегваер на дуелот со Партизан во Белград, во рамките на групната фаза во ЛЕ, беше капитен на Манчестер, но не се прослави. Заборави дека треба да му го предаде клупското знаменце на капитенот на Партизан Стојковиќ, но и дека треба да почека судијата да фрли паричка за да се одредат страните и чија ќе биде првата топка. Тој негов гест наиде на исмејување во европските медиуми.