Четворица ракометари направиле невиден скандал на ЕП

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица ракометари направиле невиден скандал на ЕП

Со победата над Полска, ракометната репрезентација на Шведска обезбеди пласман во главната фаза. Но, по овој натпревар, шведските репрезентативци Џим Готфридсон, Андреас Нилсон, Ким Екдал ду Риц и Лукас Нилсен заминале во кафуле каде биле забележани од шведски новинари како пијат алкохол во еден паб.

Во шведската репрезентација правилата се строги и за секој излез во град мора да се бара тренерска дозвола, а, пак, за алкохолот и збор не може да стане. Мораше да се извини генералниот секретар на Шведската ракометна федерација, Роберт Ведберг, кој рекол: „Тоа е жалосно, но ние сепак сето тоа го средивме внатре во репрезентацијата. Играчите се извинија пред целата репрезентација, а еве јас сакам да се извинам пред јавноста и навивачите. Тоа е недозволиво, ние мораме да бидеме пример на едно толку големо натпреварување“.

Шведска денеска ќе одигра натпревар со селекцијата на Португалија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата