Уништен видиковец на Водно

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уништен видиковец на Водно

Од Град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно.

Како што соопштија градските власти на „Фејсбук“, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата