Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, по два дена на клупата на Каталонците го испланира и првиот тим билдинг, вечера во монденскиот ресторан Виа Венето, кој требаше да остане во тајност.

Но, новинарите го открија планот и го „нападнаа“ тимот по завршувањето на дружбата, а фудбалерите си заминаа на различни страни без никаков коментар.

На вечерата единствено недостасуваа повредените Луиз Суарез и Дембеле кои се рехабилитираат по повредите.