Постер ги открива варијантите на бои на Huawei P40 Pro

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Постер ги открива варијантите на бои на Huawei P40 Pro

Овие денови се појавија рендери на Huawei P40 смартфонот, кои го открија изгледот на предната страна и задниот дел на уредот. Сега се појави фотографија кога го потврдува дизајнот на Huawei P40 Pro моделот, како и варијантите на бои во кои ќе биде достапен уредот.

Како што е видливо на фотографијата, Huawei P40 Pro ќе пристигне во пет бои. Тоа се Black, Blush Gold, Silver Frost, Deep Sea Blue и Ice White со градиент завршница. Компанијата тврди дека стандардниот P40 модел ќе биде достапен во истите пет опции на бои.

Huawei P40 Pro има punch-hole отвор на овалниот облик во дисплејот, каде што се сместени две предни камери. Екранот би можел да има големина од 6,5 или 6,7 инчи и ќе биде ќе биде четирикратно заоблен. Од друга страна, P40 би можел да има 6,2-инчен или 6,3-инчен рамен дисплеј. Двата телефона пристигнуваат со OLED екрани, во кои е имплементиран сензор за отпечаток од прст. Сето ова ќе го покренува Kirin 990 5G чипсет.

Huawei P40 ќе биде официјализирана во текот на март во Париз.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата