КАКО НА ФИЛМ - ОГРАБЕНА експозитура на НЛБ во Ѓорче Петров

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО НА ФИЛМ - ОГРАБЕНА експозитура на НЛБ во Ѓорче Петров

Вооружен грабеж утринава се случи во експозитурата НЛБ Банка во „Ѓорче Петров“. Затекнатите клиенти и вработените во експозитурата се во добра состојба.

Како што објавија од НЛБ, висината на штетата наскоро ќе биде соопштена.

Во известувањето од банката се вели:

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, наведуваат од НЛБ Банка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата