Господ ги чувал: Возач на автобус возел патници под дејство на дрога

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Господ ги чувал: Возач на автобус возел патници под дејство на дрога

Германската полиција соопштила дека при проверка на патници во автобус со хрватски регистерски таблички открила дека возачот е под дејство на дрога, јавува Феникс Магазин, пренесува хрватски Индех.

Граничната полиција го запрела автобусот на бензинска пумпа. Со брз тест за дрога било утврдено дека возачот бил позитивен на кокаин и амфетамин.

При претресот била пронајдена и вреќичка со бел прав. Истрагата утврдила дека станува збор за мешавина на кокаин, амфетамин и метамфетамин. Пронајдената дрога е запленета. Хрватот ќе одговара за кршење на законот за наркотици.

Полицијата не навела детали за идентитетот на возачот на автобусот, ниту за која агенција возел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата