Ахмети: Ми нудеа поделба на Македонија, јас одбив: Јас сум бог овде, а не кираџија

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ахмети: Ми нудеа поделба на Македонија, јас одбив: Јас сум бог овде, а не кираџија

Претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети вели дека порано му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.

Тој во интервју за „ABC News“ Албанија изјави дека неговата партија нема да прави коалиција со ниту една друга албанска или македонска политичка партија и на изборите ќе излезат сами.

- Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи“ – истакна Ахмети.

Во интервјуто вели дека понудата за поделба му ја нуделе високи функционери.

- Од 75 офицери и подофицери кои се таму од 2001 година, во Армијата на Република Македонија има над 2.000. Од 175 полицајци до 2001 година сега има 2.500 полицајци. Има уште работа што треба да се заврши, а не завршена. Луѓето велат дека доброто нема крај, исто како што и лошото нема крај.

Влеговме на овој пат без предрасуди. Им кажав и на македонските политичари дека ќе бидат посилни од нас. Така можеме да ја изградиме Македонија посилна. Но, не тие како мајстори и јас како кираџија“

Во 2014 година Ахмети во интервју за албанска телевизија Клан рече дека поделбата на Македонија му ја нудел поранешниот македонски премиер, Љупчо Георгиевски, во времето додека Ахмети беше дел од ОНА во 2001 година. На маса биле Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, и Липково, кажа тогаш Ахмети. Според овој план, како што објасни тогаш, 60.000 Македонци би биле иселени од овој дел на Македонија, кој би се споил со Албанија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата