Шпанија со победа над Чешка, 31:25 (14:9) ја отвори главната фаза во Виена на Европското првенство 2020.

Противникот на Македонија во групната фаза пружи силен отпор во првите 15-тина минути од мечот, а одличен на голот беше и нивниот голман Мрква, кој натпреварот го затвори со 13 интервенции, но тие не беа доволни да се запре „фуријата“.

Чесите беа конкурентни до 7:7, а потоа Македа и Кањељас се изборија за 14:9 на полувремето.

Во вториот дел Шпанците ги предводеа Фернандез и Алекс Душебаев со по пет гола, додека Перез де Варгас имаше 11 интервенции. Во 52. минута Шпанија имаше највисоки 29:19, додека со 31:25 победнички ја отворија главната фаза.