Кривична за скопјанец кој обил џип „бе-ем-ве“

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична за скопјанец кој обил џип „бе-ем-ве“

Скопската полиција расветли случај за обивање и кражба од џип и против осомничениот 48-годишник од Скопје поднесе кривична пријава за сторено дело тешка кражба.

Како што информираат од МВР, скопјанецот на  14 септември минатата година на паркинг меѓу два хотела на булевар АСНОМ, со тврд предмет скршил стакло на џип „бмв-х6“, со кавадаречки регистарски ознаки и одзел лаптоп и лични документи, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 27.000 денари.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата