Вил Смит на црвениот килим со своите наследници, актерот повторно во добри односи со постариот син

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вил Смит на црвениот килим со своите наследници, актерот повторно во добри односи со постариот син

Холивудскиот актер Вил Смит (51) се појави во премиерата на филмот „Bad Boys For Life“ во друштво на синовите Џејден (21) и Треј (27). Популарниот актер не криеше колку е горд и среќен што е во друштво на неговите наследници.

Актерот не беше во добри односи со постариот син Треј, па сите беа одушевени што се појавија заедно на премиерата на филмот.

По разводот од неговата прва сопруга Шри Зампино, со која го има синот Треј, наследникот на Вил се чувствувал напуштен, што влијаело на нивниот однос.

Вил со актерката Џеда Пинкет Смит има ќерка, Вилоу (19) и син, Џејден (21).

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата