Љавдрим Скендери и Илбер Беќири, од денеска не се повеќе фудбалери на Ренова. Како што информираат од раководството на клубот, и со двајцата раскинати се договорите на обострано задоволство, па така ќе можат и двајцата да си побараат нова средина без ниаков проблем.

Во текот на денот „гипсарите“ ќе го промовираат својот нов играч, а тоа е, како што најави СПОРТМЕДИА, Алуш Гавазај.