Словачки конзул пронајден мртов во Шпанија

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словачки конзул пронајден мртов во Шпанија

Шпанската цивилна гарда истражува смрт на словачки конзул.

Неговото тело било пронајдено во вторникот околу 17 часот во Ла Нусија (Аликанте). Според информациите на локалните медиуми, телото кое лежело во локва крв го пронашол градинарот.

Првичните информации од истрагата покажуваат дека конзулот најверојатно добил силен удар во пределот на главата од страна на непознато лице.

Телото на 53-годишникот било пронајдено во градината покрај скалите на куќата што ја изнајмил. Куќата се наоѓа во селото Мирамар, помеѓу Ла Нусија и Алте, пишува „Ел Паис“.

Истрагата е во тек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата