Турунџиева и Ребека СЕ ОГЛАСИЈА после палењето на нивните автомобили

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турунџиева и Ребека СЕ ОГЛАСИЈА после палењето на нивните автомобили

Сузана Турунџиева ја даде првата изјава откако во јавноста излезе информацијата дека нејзиниот и автомобилот на Ребека синоќа биле запалени на паркинг простор кај ТЦЦ Плаза.

-Пожарот беше страотен и прва го забележа мојата ќеркичка. Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон. Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целоснo, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата, раскажува со растреперен глас Турунџиева, потресена од немилиот настан во изјава за порталот Вистина.мк.

Таа додава дека никому ништо лошо не направила, ниту згрешила, ниту некому нешто должи…

-Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите, го завршува исказот за својата траума во кусиот телефонски разговор Турунџиева.

Информацијата ја потврди и Ребека, која додаде дека е изгорен задниот дел на нејзиниот автомобил кој е стар 8 месеци и штетата се проценува на неколку илјади евра, додека возилото на колешката Турунџиева кое го купила пред само еден месец е целосно уништено. Ребека вели дека според кажувањата на полициската екипа за увид, ова е седми-осми случај на запалени возила во централното градско подрачје на Скопје за само неколку дена.

Извор: Вистина.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата