СТОП за српските пејачи!? Швајцарија забрани влез за Дарко Лазиќ и Цоби - МАЛО СУ ПИШКИЛИ НА АЕРОДРОМУ

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТОП за српските пејачи!? Швајцарија забрани влез за Дарко Лазиќ и Цоби - МАЛО СУ ПИШКИЛИ НА АЕРОДРОМУ

Дарко Лазиќ и Слободан Вељковиќ Цоби добиле покана за сослушување во полицијата во Цирих откако на интернет исплива скандалозна снимка во која се гледа како уринираат по писта и го реметат јавниот ред и мир.

Имено пред неколку дена реперот и фолкерот добиле покана од полицијата во Цирих, која предходно ги барала во дискотека во која гостувале. Полицијата ја дабила снимката на која се гледа како Дарко и Цоба дивеат по пистата во Цирих и уринираат.

Газдата на дискотеката веднаш го проследил нивниот контакт при што и самиот ги повикал за да ги извести за што се работи. Речено им е во рок од осум дена мора да се појават и да дадат изјава по повод инцидентот кој го направиле на аеродромот – вели извор близок на фолкерот и реперот и додава:

- Цоба сега бара адвокат во Цирих заедно да одат на сослушување. Свесен што направил и очекува дека нема да помине неказнето, особено што е во прашање Швајцарика која е позната како најсредена земја и не толерира анархија и дивеење.

Како што се дознава Дарко и Цоба се во паника да добијат забрана за влез во земјата во која најмногу работат во текот на годината. За да се потврди ова, побарани се Дарко и Цоба, но не одговориле на повиците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата