Тотално анонимен лик ќе пее за Македонија на Евровизија, само затоа ШТО Е ОД СТРУМИЦА

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотално анонимен лик ќе пее за Македонија на Евровизија, само затоа ШТО Е ОД СТРУМИЦА

Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65. издание на Евровизија во Ротердам, Холандија, што ќе се одржи во мај годинава.

Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години. Лани пееше како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.

На „Википедија“ пишува дека Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а детската песна „Марионка“ станува евергрин.

„На 10-годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперска музика, тој пеел поп-соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години. Од 2018 години повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица“, пишува на „Википедија“.

Гарванилев изјави дека откако памети за себе, музиката е сѐ што прави, за неа постои.
- И покрај тоа што имам долгогодишно искуство на меѓународна сцена, свесен сум за предизвикот и за одговорноста што претстојат на овој глобален настан, особено по успешниот пласман на Тамара минатата година - напиша на „Фејсбук“.
Која песна ќе ја пее Гарванлиев, не се знае бидејќи ќе се избере на конкурс што наскоро ќе го објави МРТВ.

(Fakulteti.mk)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата