Едуард Кокшаров повеќе не е селектор на руската ракометна репрезентација. Спортскиот директор на Вардар ден по елиминацијата од ЕП, поточно поразот од Данска потврди дека поднел оставка.

„Не можам да продолжам да ја водам репрезентацијата, не ја исполнив целта.  Му посакувам на тимот многу победи во иднина. Благодарност и до федерацијата за довербата и условите кои ги обезбеди“, изјави Кокшаров.

Русија гурпната фаза ја заврши со три порази во исто толку одиграни натпревари. Кокшаров немаше избор мораше да поднесе оставка доколку не го стореше тоа, федерацијата ќе одржеше Управен одбор за неговата семна.

„Ако Кокшаров сака да чека тоа да го решиме на Управен Одбор во федерацијата, нека чека. Но сметам дека секој што се почитува себе си мора сам да го донесе своето решение. Му давам 24 часа на селекторот, да донесе одлука и да си поднесе оставка“, изјави Шишкарев за руските медиуми.