Далас како гостин беше подобар од Сакраменто во ште една магична ноќ за Лука Дончиќ кој за 34 минути дојде до трипл-дабл. Словенецот го заврши мечот со 25 поени, 17 асистенции и 15 скокови, што го направи најдобар стрелец на мечот. Следуваа Сет Кари со 21 и Тим хардавеј со 17 поени.

Изненадување ноќеска направи Орландо кој „тесно“ го совлада тимот на ЛА Лејкерс и тоа на негов терен со 119:118. Маркел Фулц имаше трипл-дабл за „Меџик“ со 21 поен, 11 скокови и 10 асистенции.

Денвер беа подобри од Шарлот со 100:86. Мечот го одбележа повредата на Џемал Мареј, кој уште во првиот дел ја напушти играта, и повеќе не се враќаше.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Детроит 103:116

Филаделфија – Бруклин 117:106

Мајами – Сан Антонио 106:100

Чикаго – Вашингтон 115:106

Минесота – Индијана 99:104

Оклахома – Торонто 121:130

Денвер – Шарлот 100:86

Хјустон – Портланд 107:117

Сакраменто – Далас 123:127

ЛА Лејкерс – Орландо 118:119