ОД ГЕРМАНИЈА ЗА “ЖИВОТОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Платени се помалку отколку во Бангладеш или Кина (ВИДЕО)

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД ГЕРМАНИЈА ЗА “ЖИВОТОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Платени се помалку отколку во Бангладеш или Кина (ВИДЕО)

„Произведено во Европа“. Кога текстилот ќе се означи на овој начин, звучи инспиративно за купувачот. По фер плати, пристојни услови за работа. Всушност, текстилните работници на Балканот работат за испрпувачки (минимални) плати, стои во 30 минутната репортажа на ТВ Арт, за состојбата во текстилниот сектор во Северна Македонија.

Германската телевизија Арт, во репортажата прави компарација во однос на трошоците на живот. Тие (платите) во Северна Македонија често се пониски од платите во Југоисточна Азија. Во Северна Македонија, на пример, шивачка добива 200 евра месечно.

- Северна Македонија е земја на контрасти. Јазот меѓу богатите и сиромашните е еден од најизразените во Европа. Корупцијата е сеприсутна, а само Русија и Молдавија важат за покорумпирани во Европа.

Во Штип 16 текстилни фирми вработуваат околу 9.000 луѓе, речиси сите се жени. Помал број од нив дома носат по 10€ дневно. Законската минимална плата изнесува 200€, а тоа е помалку отколку во Бангладеш или Кина, мерено според трошоците за живот.

Кристина Ампева, 31-годишна активистка за текстилните работници, се бори за правата на шивачките во Северна Македонија. Речиси е сама, индивидуално се бори, затоа што во земјата нема работни совети или синдикатоите не функционираат. 

Текстилните работници не само што се експлоатираат, туку честопати работат и во неразумни услови, во неподнослива жештина во лето, во речиси незагреани простории во зима.

Многу од нив, треба да работат неплатено прекувремено и да работат за време на викендите.

Меѓународните компании за облека сè повеќе бараат работниците да ги почитуваат социјалните стандарди, но тие не ги покриваат трошоците. Овие трошоци треба да ги сносат компаниите на лице место.

Шивачките чиј идентитет е заштитен во оваа приказна, раскажуваат дека често мораат да примаат терапии за да можат да работат во лошите услови.


 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата