Кочо Анѓушев повторно е директор на „Феро Инвест“

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кочо Анѓушев повторно е директор на „Феро Инвест“

Досегашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев од вчера е запишан како нов управител на компанијата „Феро Инвест“ на местото на досегашниот раководител Ратко Ѓорѓиевски.

Анѓушев својата функција на чело на оваа компанија ја стави во мирување додека ја извршуваше владината функција, по што реши да се повлече со истекот на првиот мандат на 3 јануари. 

Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев е „Феро Инвест“ во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев. „Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“.

„Феро Инвест“ во 2018 година остварил приход од 3,1 милиони евра и профит од 1,3 милиони евра.

Целиот текст на Фактор.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата