Како што дознаваме, косоварот Алуш Гавазај, играч за врска е многу блиску до потпис со Ренова. Преговорите биле во завршна фаза и тој, ако се биде како што треба, би требало наскоро да биде промовиран во дресот на нашиот некогашен шампион. Инаку Гавазај доаѓа од клубот на Вуштрија, има 24 години, а претходно настапувал во екипите на Фероникели каде тренер му беше нашиот стратег Зекирија Рамадан, а играше и за Лирија, Кораби, Тирана, Билис Бјалш.

Во случај Ренова да го комплетира овој трансфер, тогаш раководството на “гипсарите“ ќе тргне уште по еден последен играч за врска.