Анѓушев тврди дека од 2018 година нема допирни точки со работењето на компанијата ЕДС

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анѓушев тврди дека од 2018 година нема допирни точки со работењето на компанијата ЕДС

Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев соопшти дека категорично ги отфрла „лажните обвинувања од Наум Стоиловски портпарол на
ВМРО-ДПМНЕ како невистинити и тендициозни, со цел нарушување на угледот и честа
на компанијата и нејзините сопственици“.

На прес-конференција одржана на 15.01.2020 портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе обвинувања дека Кочо Анѓушев и компанија блиска до него добила тендер од Министерство за одбрана.

„Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавана и транспарентна постпапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност.Повеќе од 1,5 година Анѓушев нема никаков удел ниту во
работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС. Доколку ВМРО ДПМНЕ и портпаролот на партијата не понудат јавно извнување на ист начин на кој изнесуваат лажни обвинувања, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата