СПОРТМЕДИА успеа да дојде до фотографија од тоа како се планира да изгледа новиот или реконструиран стадион во Штип. Нашите читатели може да се уверат дека станува збор за ултра модерно здание, кое во целост ќе ги задоволува потребите на ФК Брегалница. А којзнае, можеби таму ќе се играат и натпревари на нашите државни селекции. За детални информации ќе објавиме дополнително, сепак треба прво да биде усвоен нацрт планот на новиот Градски стадион под Исарот, а потоа да почне и да се гради.

Во секој случај Штип и Македонија добиваат прекрасен храм на фудбалот.