Македонската ракометна репрезентација со една победа и два порази ја завршува една од своите најлоши авантури на Европските првенства. Селекторот Данило Брестовац и неговите момци групната фаза ја завршија на третото место, беа совладани од Чешка и Австрија, го добија тимот на Украина.

Вечерва ќе биде познато на кое место ќе се најдат на европскиот поредок, а затоа секако пак некој ќе одлучи. Русија е нашата виза за 14-то место на ЕП, ако Тимур Дибиров и соиграчите ја совладаат Данска (не повеќе од седум гола) ќе имаат послаба гол разлика од Македонија, но ќе останат зад нас.

Пораз на „зборнаја“ од Данците значи дека ќе завршиме како 15-то пласирани во ова Европско првенство.

Како и да завршиме едно е сигурно, ова е најлошиот пласман на Македонија на евро-шампионатите во последните осум години по дебито во 1998 година кога завршивме на последното место.