По Никола Ристевски, кој замина во Борец, од таборот на Кит Го информираат дека и официјално второлигашот од Пехчево се разделил и со искусниот голман Горан Пашовски.

Тоа значи дека тренерот Емил Грнев нема да може да смета напролет на двајца искусни и квалитетни фудбалери. Нема да смета и на Марио Сандевски, Андреј Симовски, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов. Од друга страна пехчевци во тековниот зимски преоден рок се засилија со Тони Мичковски од Брегалница и голманот Давид Денковски од Академија Пандев.

Да потсетиме дека Кит Го, инаку член на Втората лига – исток, главната фаза од тековните подготовки ќе ги одработи во Анталија (Турција).