(Видео) Хари го моли шефот на „Дизни“ да ја вработи Меган

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Хари го моли шефот на „Дизни“ да ја вработи Меган

По објавувањето дека војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари (35), Меган Маркл (38) се согласила да гласа за „Дизни“, а производствената компанија за возврат ќе донира средства на добротворна организација за слонови, британските медиуми објавија снимка на која Хари бара работа за неа од шефот на „Дизни“, Боб Игер (68).

Боб и принцот Хари разговараат на премиерата на The Lion King во Лондон. Додека Хари разговараше со Боб, Меган се дружеше со Бијонсе (38) и Џеј Зи (50).

„Дали знаете дека таа го позајмува својот глас“?, прашува Хари, а Боб одговара дека не знае.

„Изгледате изненаден. Таа е навистина заинтересирана за тоа“, рече принцот.

Шефот на „Дизни“ очигледно решил да ја искористи можноста.

„Ќе сакаме да пробаме, одлична идеја“, вели Боб. Снимката наводно ја забележал на премиерата еден обожавател, кој се наоѓал во близина на кралската двојка. Боб подоцна ѝ рекол на војвотката да му испрати порака.

Меган и Хари го шокираа кралското семејство кога неочекувано објавија дека се повлекуваат од кралските должности за да поминуваат повеќе време во Северна Америка и да станат финансиски независни.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата