Ракометарите не ги остварија амбициите, наместо во втора фаза се враќаат дома

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ракометарите не ги остварија амбициите, наместо во втора фаза се враќаат дома

„Долг е патот ако сакаме да направиме квалитетна репрезентација дали со мене или без мене“, рече Брестовац по натпреварот и поразот со Австрија, по кој завршува учеството на нашата репрезентација на ЕП во ракомет во Австрија. 

Брестовац призна дека е во шок од поразот, промашените шанси и целата вина за неуспехот ја префрли врз, како што рече, нападот. 

„Заслужено победија, беа потрпеливи од нас. Нам ни останува да ги мотивираме младите играчи и да работиме на тоа дека во догледно време ќе имаме силна репрезентација“ додаде Брестовац по натпреварот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата