Меркел ги повика во Берлин светските сили на самит за Либија

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел ги повика во Берлин светските сили на самит за Либија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика светските сили во недела на самит во Берлин, каде ќе разговараат за напорите за постигнување мир во Либија.

Од нејзината канцеларија соопштиле дека Меркел одлучила да биде домаќин на самитот, по консултации со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесува АП.

Командантот на либиската национална армија, Калифа Хафтар, денеска ја напушти Москва без да постигне договор за примирје, соопшти рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Откако беше објавено дека Хафтар ја напуштил Москва, без постигнат договор за примирје во Либија, меѓу силите лојални на Хафтар и официјалната влаа, која ја поддржуваат Обединетите нации, НАТО почна со бомбардирање на Либија, соопшти Лавров.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата