Поранешниот репрезентативец на Македонија и поранешен фудбалер на рускиот гигант Зенит Санкт Петербург, Драган Чадиковски на 38-години ја заврши играчката кариера.

Чадиковски е роден во Белград, меѓутоа поради своето потекло се реши да игра за македонскиот национален тим за кого заигра осум пати. Овој фудбалер играше во многу клубови, меѓу кои и Целје во кој се враќаше неколку пати, потоа Марибор, Партизан, Инчон, Рудар Велење, Олимпија Љубљана, Копер, Домжале, Раднички Крагујевац, Колубара, Вележ, Глеинштетен, Колубара. Тој од јануари ја извршува функцијата помошник тренер во Колубара.