Цел свет во шок со нејзиното признавање! Најпознатата риба на Инстаграм е машко – сите нејзини тајни испливале на виделина (фото)

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Цел свет во шок со нејзиното признавање! Најпознатата риба на Инстаграм е машко – сите нејзини тајни испливале на виделина (фото)

Една од најпознатите Јутјуберки во свет, Ники Туторијалс, вчера објавила тајна која ја криела цела своја кариера – а тајната е во суштина трансродна личност.

Оваа 25 годишна Јутјуберка отворено во своето видео признала дека е уценувана и уценувачите и се заканувале дека ќе ја откријат нејзината тајна.

“Затоа решив да преземем контрола над ситуацијата и сама да го објавам тоа“ – вели таа на снимката.

“Планетата е полна со етикетирања а јас никогаш не ги сакав. Секогаш сакав да бидам своја личност, човечко суштество за себе, без било какви правила и без било какви ограничувања. Оваа година ја отварам со тоа што ќе го споделам својот живот кој ме формираше. Конечно ќе бидам слободна“...

“Мојата мајка била сосема сигурна дека носи девојче, и воопшто не направила ултразвук. Но кога сум се родила следел шок за неа, но и за мене – оној момент кога станав свесна за себе. Отсекогаш бев феминистка, ме интересираа кукли, шминка и фустани. Мајками знаеше дека ќе бидам геј, или дека сум едноставно родена во погрешно тело“, раскажува Ники.

Инаку Ники води 10 години свој канал на Јутјуб, и како што вели, процесот за промена на полот го започнала на 14 години, поради што нејзината трансформација скоро е незабележлива.

“Кога ќе ги погледате моите први слики на Јутјуб, ќе забележете дека сум поразлична. Во тоа време го менував полот а се менував и пред камерите.

Како што вели на 14 години почнала да зема хормони, за да го запре процесот на растење, а на 19 години целосно го завршила процесот на промена на полот.

Ники инаку од август 2019 година е верена за својот дечко Дилан, а зборува и за неговата реакција кога му ја кажала вистината за себе. “Беше во шок, не ни претчуствувал, но и понатаму е со мене и работиме на тоа, се да пребродиме заедно како пар“, порачала Ники.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата