Да се биле или не. Македонската ракометна репрезентација веќе нема џокери, ќе мора да ја совлада Австрија доколку сака да се најде меѓу 12-те најдобри селекции на Европското првенство.

Момците се подготвени, големиот борец во нашите редовите, Стојанче Стоилов вели дека мотивацијата не е проблем, сите се чувствуваат одлично.

„Натпревар да се биде или не за нас. Ако победиме со два гола носиме бодови што е многу битно. Натпревар на кој ќе видиме кој сме што сме. Треба да поправиме некои ситници од мечот со Чешка на кој според мене воопшто не одигравме лошо, но тие ситници решаваат дали ќе победиш или не. Се надевам дека ќе победиме и ќе се израдуваме самите себе, но и цела нација. Мотивацијата не е проблем добро се чувствуваме сите. Се е како што треба наше е да излеземе и да победиме. “, вели Стоилов.

Веќе е добро познато. Австрија има неколку имиња на кои ќе мора да се внимава, еден од нив е Никола Билик.

„Имаат опасни шутери на бековската позиција, но освен тоа што се домаќини, ништо друго не ме плаши. Добро знаеме против кого играме и се надевам дека ќе ги анулираме нивните предности“, заврши Стоилов.

Репрезентативниот пикер за врати на дулот со Чешка и причината поради која остана на клупата.

„Мислам дека селекторот не загреши. Губевме, потоа без мене на теренот се вративме. Кога се влезе во неизвесна завршница, ќе беше некоректно кон останатите ако мене ме вратеше, што во секој случај немаше да биде гаранција за победа“.