Клучно за победата на Македонија над Австрија денеска и пласманот во главната фаза од Европското првенство ќе биде одбраната и секако голманите.

„Мало финале за нас. Да се биде или не. Свесни сме и подготвени да одиграме со една репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Имаме шанси и со победа денеска ќе го анулираме поразот од Чешка, кој ќе биде воопшто небиден. Да го дадеме својот максимум и да се надеваме на победа“, вели голманот Никола Митревски и продолжува:

„Одбраната е таа која го добива натпреварот. Со добра одбрана се може се. Божовиќ и Билик сигурно дека ќе шутнат 30-тина пати. Горе долу знаеме колку даваат, но според мене клучно ќе биде да не се разиграт крилата и пикерот како против Украина. Доколку тие голови на споредните играчи ги намалиме и ги анулираме, овие двајца не може да не победат. Тие заедно сигурно ќе дадат 15-16 голови, но нема да може да не победат.“