Димитров: Денешниот ден нека биде почеток на долготрајно пријателство помеѓу Грција и Северна Македонија

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров: Денешниот ден нека биде почеток на долготрајно пријателство помеѓу Грција и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на неговиот профил на „Твитер“ напиша дека ги размениле вербалните ноти со Грција. Тој изрази надеж дека денешниот ден ќе биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.

„Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка“, напиша Димитров на „Твитер“.

Владата претходно соопшти дека од денеска стапува на сила Преспанскиот договор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата