Ликвидиран убиецот кој со денови го бараа во БиХ

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ликвидиран убиецот кој со денови го бараа во БиХ

Един Гачиќ, кој е осомничен за брутално убиство на полицаец и цивил, денеска е убиен од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараево, пренесе новинската агенција „ОНАСА“.

Гачиќ е осомничен дека убиствата ги извршил на 6 и на 9 февруари. Тој осум дена се наоѓаше во бегство.

Претходно, владата објави дека ќе додели награда од над 25 илјади евра за информација во врска со избеганиот убиец. Медиумите јавија дека тој како малолетник ги убил и мајка си и нејзиниот љубовник.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата