Владата не дава мислење за зелените пазари, бидејќи рокот за законот е пролонгиран

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата не дава мислење за зелените пазари, бидејќи рокот за законот е пролонгиран

Владата на денешната седница донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Истовремено од Владата, по завршувањето на седницата, соопштија дека веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Закон за трговија на зелените пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата