Формирана работна група за спроведување на Законот за јазиците

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Формирана работна група за спроведување на Законот за јазиците

Владата на денешната 120 седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Како што соопшти владината прес-служба, дел од обврските кои ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, понатаму следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.

Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се Генералниот секретар на Владата, заменикот на генералниот секретар на Владата, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата и претставник од Собранието.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата